Бизнис
13. February 2019 - 20:00

Малите сточари бараат повисока цена за млекото

Во моментов најболното прашање за сточарите е цената на млекото кое се движи од 16 до 22 денари за литар. Но, цена од 22 денари постигнувале само фармите со над 100 крави. Од 14.000 производители 11.000 имале од 1 до 10 крави. За излез од проблемот фармерите бараат проширување на дополнителните субвенции по грло за се зголеми добиточниот фонд.

„Сега помошта се дава од 10 до 50 крави, тоа треба да се намалии од 2 до 3 крави па се до 10 крави, за да можат тие од 10 крави да преминат во другата група и да бидат рентабилни и да ги зголемат своите стада“, рече Ефтим Шаклев, претседател на Асоцијација на земјоделци.

Министерот Љупчо Николоски кој денеска се сретна со сточарите од прилепско рече дека се превземаат повеќе мерки за помош на сточарите. Останувало зголемувањето на субвенциите во говедарството во делот на развојната категорија, но за разлика од лани сега имало и промени.

„Промена во бројот на говеда што опфаќа една развојна категорија се со цел да има зголемени субвенции и мотив да прераснат, да инвестираат ии да го зголемат бројот на добитокот“, изјави Љупчо Николоски, министер за земјоделство.

Од Министерството презентираа и други мерки и ветија дека ќе бидат разгледани и сите барања кои сточарите ги изнесоа на денешната средба.