Малечката Сама имаше страшно детство, а се бореше за Оскар: Беше главна ѕвезда на доделувањето на наградите со срцепарателна приказна

Ѕвезда на Оскарите беше малечкото девојче Сама по која нејзината мајка, наградувана сириска новинарка и режисерка го нарече документарниот филм "For Sama".
На Вад ал - Кејтеб документарниот дил "For Sama" и донесе номинација за Оскар во категоријата најдобар долгометражен документарен филм, а наградата сепак не ја освои.

Без оглед на тоа, мајката и ќерката се животни победнички за што и говори документарниот филм за стравотиите на војната и теророт поради кој токму малечката Сама беше ѕвезда на доделувањето на Оскарите.

Вад, Хамза и Сама живееле во сирискиот град Алепо, во кој од 2012 до 2016 година дивееше војна меѓу милитантите од Слободната сириска војска, исламистичките формации на чело со Ал Нусра и владините сили.
Девојчето со родителите на црвениот килим стигна меѓу првите поканети гости и изгледаше како вистински мал ангел.
Ново на Сител
-

Голема акција против нелегална трговија со лекови, медикаменти и суплементи
-

Тема на денот со Златко Перински, директор на Фонд за здравство
-

Парична казна од 5 илјади евра за Мерко за поставување спомен плоча
-

Мицкоски разговарал со Рубио во Њујрок
-

Акција на ОЈОГОКК и МВР
-

Сведоци за полицајците во „Пулс“: Одбиваа да помогнат на повредените
-

Физички нападнат гинекологот Огненовиќ додека прегледувал пациенти во својата ординација
-

Дизелот од полноќ поскапува за 5,5 денари, бензините поевтинуваат за 1,5 денар
