Балкан
7. November 2017 - 11:47

Малата Јана го посетила Зоран во затвор, прв пат по неговото апсење

Малата Јана го посетила и ја почуствувала прегратката на Зоран по повеќе од еден месец, колку што се наоѓа Зоран Марјановиќ во притвор во Окружниот затвор поради убиството на сопругата Јелена Марјановиќ.

Девојчето во затворот ја однел нејзиниот чичко Милош.

- Зоран, кој во затворот не покажува многу емоции, просто пукна кога ја виде својата ќерка. Беше еуфоричен, среќен, но го погодило тоа кога Јана му рекла да си одат заедно дома. И рече дека не може, но дека за брзо ќе се врати. Се гушнаа и не сакаа да се одвојат еден од друг. Таа се уште е мала и се уште не знае што точно се случува со нејзиниот татко, кого не го видела речиси два месеца - вели изворот за српски телеграф.

Посетата траела еден час а девојчето едвај го одвоиле од нејзиниот татко. Тоа плачело цело време, дури и кога го изнеле од затворот. Било прилично тешко. Зоран изгледал чудно по посетата. Неговото однесување ќе се следи во наредните денови - вели соговорникот.

Зоран Марјановиќ во притвор се наоѓа од 15. септември, кога е уапсен поради убиство на сопругата Јелена Марјановиќ.