Македонија
20. December 2019 - 19:37

Мал Шенген ќе се шири и со Црна Гора

По Нови Сад и Охрид утре на ред е Тирана. Третиот состанок на иницијативата Мал Шенген овојпат ќе се оддржува под будно око на САД. Тоа го побарал од домаќинот Рама лично Метју Палмер. Тој побарал на сите состаноци да присутвуваат двајца специјални претставици на Стејт департментот. За првпат на средбите на лидерите на Западен Балкан, Заев, Рама и Вучиќ, ќе им се приклучи и претседателот на Црна Гора Мило Гукановиќ. Сепак и овојпат приштинската делегација одлучи да ја бојкотира иницијативата, поради српското непризнавање на Косово.

Косово сака да биде дел од ЕУ и НАТО, а не на експериментални регионални иницијативи, напиша на фејсбук престедателот  Хашим Тачи.

Вакавата одлука на косоварите, Еди Рама ја оцени како губитничка.

Проблемите меѓу Косово и Србија не можат да се решат со инаетење и повелекување во самоизолација, туку со разговор. Не познавам ниту еден конфликт во светот кој се решил без да се преговара.

Цел на регионална иницијатива Мал Шенген е интеграција на регионот, инфраструктурно и екононски со укинување на трговските и царински бариери. На состанокот во Охрид беше постигнат догворо со кој започна реализација на оваа идеја и да се подобри инвестицискиот амбиент во земјите кои се вклучени во иницијативата. На маса во Тирана ќе бидат ставени конкретни мерки за импелментација на договореното меѓу земјите на регионот.