Максим Димитриевски: „За наше Куманово“ победува на повеќе од 70% од гласачките места
Независниот кандидат за градоначалник на Општина Куманово, вечерва од Градскиот плоштад порача дека граѓаните се победници на Куманово.
„Согласно нашиот аналитички центар првично можам да кажам дека вечерва граѓаните на Куманово победија!
Советничката листа на концептот на граѓаните „За наше Куманово“ е убедлив победник на овие избори.
Како независен кандидат повторно поддржан од граѓаните водам убедливо во првиот круг и очекувам на 31-ви октомври да добиеме уште поголема поддршка од граѓаните и да го потврдиме тоа.
Досега во аналитичкиот центар од вкупниот број на избирачките места коишто ги имаме обработено концептот „За наше Куманово“ победува на повеќе од 70% од гласачките места.
Успеавме заедно со граѓаните на Куманово да ги победиме сите политички субјекти во градот, но за жал бевме соочени со големи притисоци.
Дефинитивно се потврди тоа што го кажувавме цело време, дека МВРО не е минато во оваа држава, туку е МВРО на квадрат, но со „О“ на квадрат назад, и ќе им го вратиме МВР во вистинските рамки на граѓаните сопотврдувањето на оваа победа на 31 октомври.
Ние ја добивме најголемата поддршка од граѓаните на Куманово без разлика на нивната партиска припадност. Нашиот концепт е од граѓаните за граѓани. Нашата цел е да ја добиеме поддршката, да бидеме легитимни претставници на сите граѓани на нашиот град. Секоја политичка поддршка е добредојдена, а оттука па натаму граѓаните се тие кои одлучуваат.
Во вториот круг граѓанскиот концепт „За наше Куманово“ ќе победи убедливо за Куманово и кумановци. Ќе ставиме крај на многу лоши навики во нашиот град и нашето општество. Македонија има право и мора да се менува. Куманово го следи трендот и секогаш бил предвесник на големи
Ново на Сител
-
Калаc: САД сакаат кавга со ЕУ
-
Намален прометот во индустријата
-
Почина гинекологот и акушер проф. д-р Јован Јуруковски
-
Уапсен 47-годишен од с.Дражево, нападнал човек со остар предмет
-
Кривична против две лица од Кочани поради користење на туѓа дебитна картичка
-
Нападната 46-годишна жена на нејзиното работно место во Скопје
-
Кривична за 33-годишен штипјанец, нудел пари да се запали возило на друго лице
-
Трошоците на живот во јануари на годишно ниво повисоки за 4.9 %, а цените на мало за 5.2 %.