Македонија
1. November 2021 - 13:33

Максим Димитриевски: Не сум против СДСМ, сум против поединци кои ја имаат узурпирано партијата

- Јас сум член на СДСМ, а моето исклучувањето е еднострано или желба на поединци. Мојата идеологија е социјалдемократска по повеќе наврати тоа го повторувам. Мојот приоритет во моментов се Кумановчани, граѓаните на Куманово, проектите и развојот на градот, а во делот на политичките активности јас сум убеден социјалдемократ и мојот пат е во насока на развојот на социјалдемократијата, таквата мисла и идеја. Сметам дека СДСМ била и мора да остане државотворна партија. Верувам дека не очекуваат суштински реформи за да се надмине лукративниот и клиентелистичкиот пристап и да се врати важноста на суштинско одлучување на членот, бидејќи граѓаните испратија поголем број на пораки на овие избори и во првиот, а и во вториот круг кои мора да се послушаат, граѓаните се тие кои одлучуваат, посочи градоначалникот на Куманово, Максм Димитриевски во Утрински Брифинг за состојбите во СДСМ.

- Не сакам во овој момент да ја коментирам оставката на Заев, затоа што се уште ги немам прочитано сите вести, дури ја немам слушнато во целост ни оставката. Можам само да кажам дека СДСМ е силна политичка партија којашто многупати се наоѓала во криза и знаела успешно да излезе од таа криза. Но, тоа што е најважно да се даде можноста на реалниот и вистинскиот социјалдемократ во СДСМ да одлучува, бидејќи сведоци сме дека овој временски период како практикуваме власт всушност голем број на луѓе кои дојдоа на многу високи и истурени позиции во партијата всушност се далеку од идеологијата која ја застапува програмски и статутарно партијата. Во ниту еден момент не сум бил против партијата, бев против поединци во партијата којашто ја имаат узурпирано, додаде тој.