Македонија
7. July 2022 - 16:47

Макрон со порака за прифаќање на предлогот

17 години по добивањето кандидатски статус Македонија е пред историска шанса да ги стартува преговорите, порачува францускиот претседател Макрон во писмо до македонскиот народ.

Креаторот на последниот документ кој треба да го крене бугарското вето вели дека е свесен за чуствителноста на прашањата кои стојат помеѓу Македонија и Бугарија, но потенцира дека не штедел напори да се најде решение достоинствено за двете страни.

- Сега останува на вас Македонците да се изјасните. Моќта да го смените текот на историјата отсега е во ваши раце. Нема да ви кажам дека овој договор е совршен, но ќе ви го расчисти европскиот пат. Како и секој договор, така и овој се заснова на компромиси и рамнотежа. Овој договор не го доведува во прашање официјалното постоење на македонски јазик, кој е составен дел на вашиот идентитет, порачува Макрон.

И додека македонското МНР молчи, бугарската министерка за надворешни работи открива дека протоколите кои Македонија и Бугарија треба да ги потпишат се веќе прецизирани, но со Осамни имале џентлменски договори деталите од текстот да не се објавуваат додека не бидат потпишани.

- Имаме џентлменски договор со министерот Бујар Османи и протоколите се прецизирани. Се надевам дека ќе се придржува до тоа, јас се придржувам до тоа, ние нема да ги објавуваме текстовите. Бидете сигурни дека тие целосно го гарантираат националниот интерес и целосно ги почитуваат одлуките на Народното собрание“, нагласи Генчовска.

Генчовска вели дека Буагрија со загриженост ги следи реакциите во земјава за францускиот предлог, а најави и протестна нота до в.д македоснкиот амбасадор во Софија за говорот на омраза кон Бугарите за време на секојдневните протести.