Макрон: Ќе разговараме со Северномакедонците
Претседателот на Франција, Емануел Макрон, чија земја претседава со ЕУ до крајот на месецов, се надева дека сѐ уште е можен договор меѓу Скопје и Софија за преговарачката рамка, јави дописничката на МИА од Брисел.
-Блиску сме до договор кој овозможува правда за бугарските барања и е компатибилен со тоа што Северна Македонија може да го направи, потребно е видливост и доверба, во следните часови ќе има гласање на бугарскиот Парламент, ќе гледаме кон бугарскиот претседател и партиите од сегашното мнозинство, опозициските партии, рече Макрон, и додаде дека со „Северномакедонците“ во следните часови ќе разгледува начин да се склучи договорот, за до идната недела да помине на амбасадорско ниво и да се деблокира процесот, изјави францускиот претседател Макрон.
Тој ја поздрави храброста на некои лидери на Северна Македонија како Зоран Заев, кој го смени Уставот и името на државата.
-Една земја членка со задоцнување побара промени, рече Макрон за Бугарија, но додаде дека ЕУ не може да се преправа дека тие не постојат и истакна дека има политичка криза во Бугарија. Тој го пофали и премиерот на Бугарија, Кирил Петков за неговата политичка храброст.
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска го одби предлогот на Франција за преговарачката рамка и рече дека само договор кој ги почитува црвените линии на државата може да биде прифатен. Тие црвени линии се меѓу другото јазикот, историјата, и промената на Уставот.
Ново на Сител
-

Антикорупциските закони добри само на хартија - само двајца функционери пријавиле подароци
-

Македонија меѓу петте најбрзорастечки економии во Европа
-

Преглед на вестите од светот
-

ДКСК презентираше резултати од кампањата за подигање на јавната свест за лобирањето
-

Викендов во знакот на Охрид трчаТ
-

Koшта ги пофали реформите, но порача дека уставните измени се единствен начин за започнување на преговорите
-

Со законски измени ќе се бришат невработените, кои работат на црно
-

Тема на денот со Никола Димитров, поранешен министер за надворешни работи и потписник на Преспанскиот договор
