Макрон и Путин разговарале речиси два часа
– Францускиот претседател Емануел Макрон денеска телефонски разговараше, речиси два часа, со рускиот колега Владимир Путин околу кризата во Украина.
– Телефонскиот разговор со рускиот претседател траеше еден час и 45 минути, соопшти Елисејската палата.
Според француското претседателство, денешниот разговор меѓу Путин и Макрон, по нивната средба на 7 февруари во Москва, претставува „последни можни и неопходни напори за да се избегне голем конфликт во Украина“, пренесоа француските медиуми.
Макрон денеска повторно ќе разговара и со украинскиот претседател Володимир Зеленски. Шефот на украинската држава вчера му рече на Макрон дека нема да одговори на, како што рече, руските „провокации“ и остана отворен за „дијалог“ со Москва. Но, во говорот на Минхенската безбедносна конференција, тој исто така ги повика западните влади да ја прекинат својата „политика на смирување“ кон Путин.
Ново на Сител
-
Тема на денот со Бојан Кордалов, комуниколог
-
Избори во Германија, 630 пратеници за новиот состав Буденстагот
-
При градежни работи пронајден човечки труп
-
Затвореници со секојдневен излез се обиделе да внесат дрога и пари во Идризово
-
Преговори за откуп на тутун
-
Нема доволно водичи кои говорат германски јазик
-
Гејминг центар што обединува: Деца од различни светови, иста игра
-
Преглед на вестите од светот