Макрон: Француските Курди биле цел на „грозоморен“ напад
Францускиот претседател Емануел Макрон во врска со пукањето во центарот на Париз изјави дека француските Курди биле цел на „грозоморен“ напад, упатувајќи сочувство до семејствата на жртвите и поддршка за повредените.
-Француските Курди се цел на грозоморен напад во срцето на Париз. Нашите мисли се со жртвите, луѓето кои се борат за своите животи, нивните семејства и најблиските, напиша Макрон на Твитер.
Француската телевизија BFM јави дека три лица се убиени, а четири лица се повредени во пукотница во центарот на Париз кога 69-годишен маж отвори оган врз пешаци на улица во близина на Курдскиот културен центар.
Телевизијата објави дека напаѓачот е уапсен, а полицијата ја повикала јавноста да биде подалеку од областа во Париз, каде што се случило пукањето.
Уапсениот за престрелката им е познат на француските власти бидејќи пред една година нападнал мигрантски камп, објави Ројтерс.
Ново на Сител
-
Уапсен штипјанец кој ја нападнал сопругата со која се разведува
-
Приведен штипјанец по пријава дека физички ја нападнал сопругата
-
Сиљановска-Давкова: Компромисите со меѓународното право и принципи можат да го компромитираат европскиот и светскиот мир
-
Декларацијата на самитот во Украина најверојатно нема да биде потпишана од сите учесници
-
Кулеба: Во нацрт-изјавата од самитот во Швајцарија беа земени предвид ставовите на Украина
-
Песков: Путин не ја исклучува можноста за преговори со Украина
-
САД уништи седум радари на територијата контролирана од Хутите
-
Ханије: Подготвени сме за сеопфатен договор, во согласност со планот на САД