Макрон: Европа треба да биде солидарна со Балканот и Африка во борбата против пандемијата
Францускиот претседател Емануел Макрон на прес конференцијата во Елисејската палата по самитот на ЕУ, синоќа истакна дека Европа треба да го преземе својот дел во меѓународната солидарност во борбата против светската пандемија.
-Пред една година ние ја лансиравме иницијативата Акт А – солидраност за Африка. Јасно е дека ние имаме потреба да ја изградиме солидарност кон нашите соседи, особено кога станува збор за Балканот и Африка, рече францускиот претседател.
Таа солидарност, додаде тој, се темели на санитарна помош, на вакцините, третманот, дијагнозите, поддршката на примарниот здравствен систем, производството на целиот овој материјал, а, исто така, и на економската поддршка, како што ние почнавме да го правиме и ќе продолжиме.
Во однос на вакцините, тој потсети дека ја бранел идејата на Франција на последниот самит на Г7 и да одговори на повикот на СЗО, МО на Франкофонијата и Африканската Унија и Европскиот парламент
-Ние денеска потсетивме дека нема да го победиме вирусот, доколку успееме само да развиеме кампања на вакцинирање на целата планета и особено кај нашите соседи, особено во Африка, додаде Макрон.
Францускиот претседател притоа појасни дека дозите кои Франција ќе и ги отстапи на Прага, не се дел од таа меѓународна солидарност, односно таа која ќе биде насочена кон земјите од Балканот. Засега не се зборува за бројот на дозите наменети за земјите од Балканот.
Во ЕУ, вакцинацијата почна на крајот на декември.
Северна Македонија исто така се надева дека ќе обезбеди испорака на вакцината АстраЗенека во март преку системот Ковакс.
Ново на Сител
-

Лишен од слобода турски државјанин, возел на автопат со брзина од 203км/ч каде ограничена брзина е 120км/ч
-

Јаневска: Неправилностите во работењето ќе значат одземање акредитации за високообразовни институции
-

Мицкоски: Опозицијата нека свика експерти и нека се усогласи за Изборниот законик, владината коалиција е веќе усогласена
-

Во земјотресите во Венецуела загинаа 4.118 луѓе
-

Заврши заложничката драма во Берлин
-

Утре продолжуваат преговорите помеѓу САД и Иран
-

Трипуновски: Исполнето уште едно ветување, објавени се пет јавни повици за давање под закуп на земјоделско земјиште над три хектари
-

Северна Кореја со осуда на Самитот на НАТО поради зајакнување на воените блокови
