Свет
26. May 2017 - 12:48

Макрон цврсто ќе ги брани ставовите на Франција на средбата со Путин

Францускиот претседател Емануел Макрон цврсто ќе ги брани ставовите на Франција за време на посетата на Париз, в понеделник, на рускиот претседател Владимир Путин, изјави портпаролот на француската Влада, Кристоф Кастанер.

- Сигурен сум дека претседателот на Француската република Емануел Макрон ќе заземе цврста позиција за заштита на интересите на Франција, нагласи Кастанер

Тој исклучи секаква можност да биде „манифестирана благонаклоност“ кон рускиот претседател, кој ќе биде примен во комплексот Версај, покрај Париз.

- Според мене дијалогот не значи дека треба се изнедначуваме едни со други, напротив тоа е знак дека гледаме дека претседателот Путин пристигнува во Франција, сака средба со Емануел Макрон и работи со него, додаде Кастанер. 

Макрон ќе го прими Путин во дворецот Големиот Трианон во Версај во врска со изложбата, посветена на посетата на царот Петар Први на Франција во 1717 година.

- Добар повод за средба меѓу двајцата лидери, нагласи Кастанер.

Ова ќе биде првата посета на рускиот претседател на Париз, откако Макрон стана претседател на Франција.

Петгодишниот мандат на претходниот француски претседател, Франсоа Оланд беше одбележан со длабоки несогласувања меѓу Париз и Москва, особено во однос на уредување на сирискиот конфликт.

Изборниот штаб на Макрон се однесуваше со нескриена недоверба кон Русија и отворено и забележа дека преку социјалните мрежи дејствувала против неговата кандидатура.