Бизнис
30. August 2016 - 19:46

Макпетрол со рекордна продажба на нафтени деривати

Рекордната продажба на нафтени деривати е меѓу главните причини заради која Макпетрол остварил добивка од 109 милиони денари во првото полугодие.

Компанијата соопшти дека во овој период го подобрила финансискиот резултат за 370 милиони денари, ја зголемила продажбата на енергенси на мало за 12%, создала услови за реално очекување за исплата на дивиденда и ја зголемила книговодствената вредност на акцијата на 515,5 €. Со тоа, соопштија од таму, е задржан континуитетот на остварена добивка од 2015.

Освен рекордот во продажба на деривати, кон позитивните резултатите придонеле и намалените расходи од камати за 22% во однос на лани, двојно зголемените приходи од курсни разлики, покачениот промет од други стоки како и намалени трошоци за суровони за 74%.

Очекувањата на Макпетрол за претстојниот период се оптимистички, со прелиминарни согледувања за натамошен раст на добивката.