МАККАНАБИС бара Собранието да го донесе Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции
Реакција на прес-конференција на Игор Јанушев од ВМРО-ДПМНЕ
Во име на производителите на медицински канабис во земјава сакаме да апелираме до Собранието на РС Македонија да го овозможи донесувањето на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции. Со самото донесување на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции бенефит би имале не само производителите на медицински канабис, туку и државата на економски план, а и самите граѓани кои полесно би дошле до потребниот медицински производ.
Во врска со прес-конференција на ВМРО-ДПМНЕ од страна на г. Игор Јанушев во која изјави дека ВМРО-ДПМНЕ е против донесувањето на овој закон, како најзасегната страна сакаме да го поставиме следново прашање:
Дали Игор Јанушев е запознаен со придобивките од донесување на овој закон?
2. Девизен прилив, извозот на сув цвет и готови производи од медицински канабис ќе придонесат за зголемен девизен прилив и намалување на буџетскиот дефицит. Да напоменеме дека 95 отсто од производството ќе биде наменето за извоз.
3. Медицински и научни истражувања, за придобивките од користењето на канабис за медицински цели и можноста за развој на нови лекови. Тоа не би било возможно без развој на основната дејност – одгледувањето на канабисот и можноста за извоз на светските пазари.
4. Препознавање на РС Македонија како потенцијален лидер во оваа дејност од страна на светските реномирани компании – Македонија беше втора земја во Европа која го легализираше канабисот за медицински цели во 2016 година. Треба да се искористи овој потенцијал, пред другите земји во регионот да го легализираат канабисот и ги привлечат овие инвеститори, што неминовно и ќе се случи, доколку и понатаму постојат законски пречки за нормално одвивање на дејноста.
Поради тоа, апелираме до сите политички партии да го подржат донесувањето на законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции. Неговото донесување е од полза на сите, производителите на медицински канабис и државата, затоа што ќе придонесе за привлекување на сериозни реномирани инвеститори, зголемување на бруто домашниот производ и нови вработувања. Апелираме политичките партии да ги остават настрана дневно политичките препукувања за овој закон, бидејќи ова не е „Закон на Заеви“, туку закон на сите оние кои инвестирале во оваа дејност и кој треба да придонесе за бенефит на сите.
Здружение МАККАНАБИС
Ново на Сител
-
Акиов по вчерашниот инцидент: Не сум гомнар туку борец за правда, се извинувам на правничката за повредата
-
Лидерите на Кина и Русија разговараа за ситуацијата на Блискиот Исток
-
Се стопира изградбата на објект во заштитената зона во Старата охридска чаршија
-
Хамнеи: Израел заслужено е казнет
-
Трамвај излета од шините и удри во пицерија во Шведска, повредени седум лица
-
Приведено 43-годишно лице кое возело со 2,06 промили алкохол во крвта
-
Брачен пар прегазен на тротоар во Охрид, жената почина
-
Песков: Ситуацијата на Блискиот Исток е опасна за целиот свет