Бизнис
12. March 2018 - 19:53

Македонско - естонски бизнис форум

Клучот за успехот на бизнисите  е соработката надвор од границите . Ова го порачаа бизнисмените од технолошки најнапредната змеја во светот на колегите од Стопанската комора.

Естонските бизнисмени  ќе им помагаат на нашите да се пробијат не само на европскиот пазар туку и ќе им  понудат партнерство за настапи на трети пазари.

Порачаа домашните бизниси да го подигнат нивото на дигиталзиација, со што најбрзо ќе се поттикне растот на економијата и ќе се овозможи повисок животен стандард.

Наскоро ќе стартува и директната авиолинија од Охрид до Талин  со што ќе се олесни бизнис интеракцијата и ќе се подобрат контактите. Заменик министерот за надворешни работи на земјата изјави дека Македонија има поддршка од Естонија  за влез во ЕУ и Нато. Пречки и отворени прашања меѓу двете земји нема. Бизнисите треба само да ја искористат можноста.

Естонија е позната како земја- технолошки рај. 99 отсто од услугите таму се онлајн  Прва држава каде што на избори  се гласа исклучиво електронски од 2005та. Македонија со Естонија има мала размена од околу 6 муилиони евра.