Македонско-естонски бизнис форум
- Бизнис форум и деловни средби меѓу стопанственици од Македонија и Естонија ќе се одржат денеска во Скопје.
Форумот го организираат Стопанската комора на Македонија и Стопанската комора за трговија и индустрија на Естонија, со цел унапредување и интензивирање на економската соработка помеѓу девет држави.
Најавените активности се во рамки на посетата на бизнис делегацијата од Естонија, предводена од амбасадорот Вајно Реинарт, потсекретар за развој и економски работи на Министерството за надворешни работи на Естонија, а во соработка со Стопанската комора за трговија и индустрија на Естонија.
Во делегацијата ќе бидат присутни и еминентни естонски бизнисмени од повеќе сектори, со кои што македонските компании ќе имаат можност да остварат директни бизнис-средби, најави Стопанската комора на Македонија.
Домаќин на бизнис делегацијата од Естонија ќе биде Антони Пешев, претседавач на Собранието на Стопанската комора на Македонија
Ново на Сител
-
ЕУ ќе стационира пожарникари од 12 земји на жариштата на шумските пожари
-
Очевидци: Израелските трупи навлегле подлабоко во Рафа
-
Париз очекува да заработи над 11 милијарди евра од ОИ
-
Истражување: Половина од раселените Украинци изразиле подготвеност да се вратат во земјата
-
ЈОРСМ: Извршен увид и обезбедени траги за вештачење од местото на убиството во Стајковци
-
НАТО функционер за АНА-МПА: Северна Македонија под уставното име влезе во Алијансата
-
17-годишно момче исчезна од установа за згрижување деца во Карпош
-
OpenAI ja претстави најновата верзија на својот чатбот – ChatGPT-4o