Македонско државјанство ќе се добива со ученичка книшка, сметка за струја, греење или вода
Во Собранието денеска се очекува да се одржи средба меѓу премиерот Зоран Заев и претседателите на опозициските албански политички партии, Алијанса за Албанците и Алтернатива, Зијадин Села и Африм Гаши.
На средбата треба да се разговара за законот за државјанство и решавање на проблемот со немањето државјанство на одреден број граѓани, како и за одблокирање на работата на Собранието.
Лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, за Радио Слободна Европа ги потврди зборовите на премиерот Заев дека со сведоци нема да се добива државјанство, туку со документ, со кој ќе се потврди дека лицето живеело во Македонија.
Меѓу документите кои се предвидува да важат како доказ се ученичките и здравствените книшки, работничките и штедни книшки во банки низ земјава, сметки за платена електрична енергија, греење или вода, докази за имот, потврда за платен данок, недвижен имот, земјоделски или друго, даночно решение, потврда за извршено лекување во здравствен дом или други докази од здравствени власти со кои се потврдува постојаното живеење на територија на Македонија. Решавањето на прашањето на државјанство би придонело и во деблокирање на Собранието од илјадници амандмани кои ги достави коалицијата Алијанса за Албанците и Алтернатива.
Пред две недели, премиерот Заев заедно со неколкумина министри се сретна со координаторот на пратеничката група на Алијанса на Албанците и Алтернатива Скендер Реџепи и со неговата заменичка во врска со законот за државјанство, кој беше причина за блокада на дваесетина закони во Парламентот. Тогаш и Заев и Реџепи рекоа дека има оптимизам за решавање на оваа прашање.
Ново на Сител
-

ДЗР: Само 13% од државните институции ги користат услугите на Централниот регистар на население
-

Тема на денот со проф.Борче Давитковски
-

Жителите на с. Љубојно со денови протестираат против сечата на дабова шума
-

Трамп подготвува средба помеѓу Зеленски и Путин
-

Државата го доби Казандол на арбитража и заштеди 115 милиони евра
-

Притвореници не се спроведуваат на судења поради недостиг на затворски полицајци
-

Лице кое било под лупа на ДКСК кривично ја гони екс претседателката
-

Меџити и Ѓорѓиевски не очекуваат хаос со изборните листи – Зелен Хуман град собира потписи за нова партија
