Македонските вина и млечни производи наскоро на рускиот пазар

А за поголем извоз, посебно на рускиот пазар, денеска во Москва разговараа министерот за земјоделие Николовски со неговиот руски колега Александар Ткачов. Извозот бележи континуиран пораст изминативе години , а најмногу се извезуваат праски, домати, зелка, сливи и цигари.
Благодарение на промотивните настани, се очекува да се збогати асортиманот на македонски производи со нови, како македонските вина и млечни производи , кои наскоро треба да се најдат на руските трпези.. Лани во оваа земја се извезле производи вредни 30,2 милиони евра.
Русија пак е заинтересирана за извоз на житарици во Македонија, најмногу за извоз на пченица.
Со македонскаат делегација, меѓу кои и престедателот на македонско руската комора Бешлиев со руските претставници се разговарало и за експертска помош од страна на Русија за македонската фитосанитарна инспекција.
На саемот за широка потрошувачка, кој се одржуува во Москва, присутни се 6 македонски компании.
Ново на Сител
-

Политички судир за фузијата на градинките во Штип
-

Преглед на вестите од светот
-

Во Центар платени 3.360 евра за квадрат – Цените на становите растат
-

Тема на денот со Васко Наумовски, поранешен вицепремиер за евроинтеграции
-

ФК Силекс и оваа сезона со амбиции за висок пласман
-

13 заразени со западно-нилска треска, тројца во критична состојба
-

Дополнителна дезинсекција во Драчево
-

Епидемијата во Гостивар стивнува, најави за питка вода се уште нема
