Македонија
16. August 2019 - 16:30

Македонските универзитети и годинава ги нема на Шангајската листа

Македонските универзитети и годинава не се во првите 1000 на највлијателната Шангајската листа. Не нема ниту на Тајмс-втората веродостона. Според светската листа, Универзитетот Кирил и Методиј е  рангиран на 1569 место, a штипскиот Гоце Делчев е на 3.279 место.

Од МОН велат дека за да се почувствуваат ефектите од сите промени во образовниот систем потребно е време, на среден или долг рок. 

За унапредување на квалитетот на високото образование треба да продолжи и ќе продолжи и во периодот што следи. Тоа е единствениот начин за нашите универзитети во некоја од наредните календарски години да се најде на листата на топ 500 универзитети во светот, како цел од која не постои намера за откажување.

Бројот на добитници на Нобелови награди и филдсови медали, како и бројот на објавени научни трудови на меѓународно ниво, се главните критериуми за еден универзитет да биде на Шангајската листа. Македонија нобеловци нема, а слабо стои и со публикации во странство.

И годинава, седумнаеси пат го ред прв е Универзитетот Харвард. Од соседството најдобро позициониран е  Националниот универзитет во Атина меѓу 300 и 400 место, а Солунскиот „Аристотел“, Белградскиот и Загребскиот се меѓу 400 и 500 место.