Loading Video...
Ракомет
25. December 2019 - 16:07

Македонските ракометари вечерва на прва контрола против Кувајт

Машката ракометната репрезентација на Македонија, вечерва во Стара Пазова, Србија, ќе го игра првиот од два контролни натпревари против селекцијата на Кувајт. 
 
Овие натпревари како и викенд дуелите на турнирот „Трофеј Карпати“ во Букурешт, Романија, на селекторот Данило Брестовац ќе му послужат да види на кои од помладите ракометари ќе може да смета за завршните подготовки на селекцијата која од 10 јануари ја очекува нов настап на Европскиот шампионат. 
 
Дел од 20-мината млади ракометари ќе им се приклучат на поискусните по новогодишните празници на завршните подготовки во Словенија каде уште два контролни дуели (Словенија и Црна Гора) ќе се „бруси“ формата за настап континенталното првенство.