Loading Video...
Ракомет
29. December 2021 - 18:33

Македонските ракометари повторно подобри од Кувајт

Најдобрата машка ракометна репрезентација во Маврово го заокружува првиот дел подготовки за настапот на претстојното Европски првенство. Како дел од првиот сегмент на подготовките што се одвиваат во Маврово, македонските ракометари имаа и контролен двомеч со Кувај. 
 
Откако пред два дена го победија Кувајт со убедливи 31-21, попладнево избраниците на селекторот и капитен Кирил Лазаров ја добија и втората пресметка, сега само со еден гол разлика 22-21. 
 
Најефикасен во нашата селекција беше Ѓорѓиевс со 6 постигнати голови, додека по придодадоа крилата Костески и Маџовски, а по два гола постигнаа Георгиевски, Стоилов и Талески.
 
Следува кратката новогодишна пауза, по која ракометарите подготовките ќе продолжат во Скопје, во СЦ „Борис Трајковски“ каде на 3 и 4 јануари ќе се игра и контролниот двомеч со Израел. 
 
За овие натпревари Лазараво ќе ги има на располаѓање и „странците“ кои поради клупските обврски сеуште не се приклучени на останатите ракометари.
 
Потсетување дека македонската репрезентација на ЕП ќе сигра во Дебрецен, Унгарија, во рамките на група А, каде за противници редоследно ќе ги има селекциите на Словенија на 13 јануари, два дена подоцна на 15-ти ќе се судриме со Црна Гора, додека последниот меч од групната фаза го играме на 17 јануари против топ фаворитот Данска.