Loading Video...
Ракомет
12. January 2021 - 13:58

Македонските ракометари на „стенд-бај“

Ден пред официјалниот старт на СП за ракометари, нашата ракометна репрезентација сеуште е во исчекување на евентуален повик за настап на Мундијалот. 
 
Две земји учеснички на Мундијалот, имаат голем број на позитивни на Ковид-19 во своите редови, па шансата Македонија како прва резерва да „влета“ на првенството е реална. 
 
Американците имаат пријавено дури 18 позитивни, како и нивниот селектор Роберт Хедин кој вели дека сепак Американците би играле на Мундијалот па дури си со 12 ракометари. 
 
Позитивни ракометари пријави и селекцијата на Зеленортски острови. Тие се во карантин во Португалија, а на последното тестирање пред заминувањето за Египет дури седум ракометари биле позитивни. 
 
Можеби токму оваа анонимна ракометна земја, е најголемата шанса за Македонија, бидејќи тешко е да се поверува дека има капацитет да состави нов тим. 
 
Светското првенство стартува утре, а репрезентацијата на Македонија подготвена чека повик во последен момент да се приклучи на шампионатот.