Македонските одбојкари денеска против домаќинот Данска во Евролигата
Македонската одбојкарска репрезентација денеска во Шлагелсе ги продолжува натпреварите од групната фаза во Европската сребрена лига во обид да се реваншира на домаќинот Данска за неодамнешниот пораз од 3:0 во Струмица.
Македонските одбојкари, пред стартот на вториот квалификациски турнир во рамки на групата А се второпласирани со шест бодови, зад лидерот Данска, која има максимални девет.
На првиот квалификациски турнир, што минатата недела се одржа во Струмица, македонскиот состав забележа две победи, над Кипар (3:0) и Израел (3:1), по што уследи максимален пораз од домаќинот на вечерашниот дуел со почеток од 19 часот во Шлагелсе.
Македонскиот состав во второто коло утре игра против Израел од 16 часот, а во истиот термин в недела противник ќе биде репрезентацијата на Кипар.
Избраниците на селекторот Никола Матијашевиќ независно од крајниот пласман во групата А ќе играат во полуфиналето на овогодишното издание на Европската сребрена лига како домаќини на завршниот турнир, што од 3 до 5 јуни ќе се одржи во салата „Парк“ во Струмица.
Ново на Сител
-
Хјустон израмни во серијата со Голден Стејт
-
Камавинга и Алаба нема да играат против Барселона во финалето на Копа дел Реј
-
Кривична за скопски бизнисмен, не платил 12 милиони денари данок
-
Украински власти: Во рускиот напад на Киев загинаа девет лица, а 63 се ранети
-
Никола Анастасијески освои прво место на 16-то Државно првенство на бармени
-
Најмногу дожд во Крушево, времето денеска нестабилно, наместа со поројни врнежи и грмежи
-
Приведен 51-годишен кумановец, управувал возило со 2,05 промили алкохол во крвта
-
Агенти на СИПА се обиделе да го уапсат Додик во Источно Сараево, ги спречиле специјалци на Република Српска