-->
-->
Македонските кошаркарски јуниори подготвени за ЕП во Австрија
-->

Македонската кошаркарска репрезентација составена од играчи до 18 години вечерва патува за Австрија, каде ја очекува настап на Европското Првенство – Б дивизија.
Во пресрет на овој шампионат избраниците на селекторот Саша Димитријевиќ одиграа пријателски натпревари во Самоков со Бугарија на кои остварија по една победа и пораз. Селекторот иако посакуваше подолг период за подготовки, сепак е задоволен од пристапот на играчите.
- Планирав со подготовки да почнеме на 1 јуни, односно дваесетина дена порано од нашиот прв собир. Првичниот термин се пролонгира, ама ние сме спремни да го дадеме максимумот. Нашата сила е во тоа што долго време сме заедно. Оваа селекција е формирана некаде во 2009 и костурот на репрезентацијата е непроменет, рече Димитријевиќ на денешната прес-конференција.
Тој очекува тешки натпревари, поради како што истакна, силна група, во која се наоѓа Македонија.
Главен фаворит според македонскиот селектор е Израел.
Слично размислува и капитенот Бојан Серафимов.
- Трениравме одлично ,физички и тактички сме добро подготвени за предизвиците кои ни престојат на прветсвото во Австрија. Ќе го дадеме својот максимум на секој дуел. Наш главен адут е тимската хемија, одлично се познаваме сите и сме добри другари. На шампионатот ќе сториме се да оствариме успех, изјави капитенот Серафимов.
Во групата Д покрај Македонија и Израел ќе бидат и репрезентациите на Австрија, Исланд, Данска и Ирска.
Двете првопласирани од четирите групи одат во следната фаза. Првенство почнува на 23 јули и ќе трае до 2 август.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-

Одлуката на Г7 за ослободување нафта и дизел од резервите само привремено ќе ги намали цените на горивата, сметаат експерти
-

Рама: Европската Унија ја лаже Украина
-

Зеленски: Украина ќе ги засили нападите врз руските рафинерии за нафта
-

Утре посебен режим на сообраќај поради Скопскиот маратон
-

Тројца основци нападнати за време на училишен излет во Сарај
-

Починат 60-годишник пронајден на автобуска постојка во Драчево
-

Силувал девојче под 15 години, го снимал чинот и ја уценувал - кривична за малолетник од Скопје
-

Мицкоски за Изборниот законик: Левица, СДСМ и ДУИ нека дојдат со предлог, ние сме за гласање на дијаспората
