Македонските кикбоксери со седум медали на Светскиот куп во Италија
Македонските кикбоксери освоија седум медали во ринг дисциплините на Светскиот куп во Италија – три златни, еден сребрен и три бронзени.
Со златни медали се закитија Силвио Мировски, Петре Велков и Калин Бабоски, додека Андреј Смилевски освои сребрен медал. Бронзени медали за Македонија обезбедија Мирко Василев, Давид Атанасовски и Радослав Велевски..
Од стручниот штаб изразија задоволство од постигнатиот резултат, но посочија дека има простор за напредок, особено во стабилноста на борците за време на мечевите. Според нив, натпреварувачите стекнуваат драгоцено искуство, а во иднина ќе се работи повеќе на препознавање на слабостите и аномалиите кај противниците, како и на подобра примена на наученото од тренинзите.
Во меѓувреме, на турнирот започнуваат квалификациите во татами дисциплините, кои ќе траат до недела, кога се закажани и финалните борби.






Ново на Сител
-

Хуманитарна планинарска прошетка за родители и деца во организација на ЗПСК Кожуф
-

Отворени 54-те Мајски оперски вечери
-

Без струја дел од Пинтија и Студеничани
-

Путин вели дека според него, конфликтот во Украина се движи кон својот крај
-

Катарски танкер помина низ Ормус, прв извоз на течен природен гас од регионот од почетокот на војната
-

Крузерот погоден од епидемија на хантавирус пристигна на островот Тенерифе
-

Меѓународна атлетска трка во Скопје
-

Променливо облачно време со сончеви периоди, попладне повремен локален дожд
