Спорт плус
2. December 2023 - 11:40

Mакедонските кик боксери најмасовни досега

Денес македонските кик боксери се на меѓународниот турнир Балкан Бест Фајтер кој се одржува во градот Јагодина во Србија. 

Македонија овде настапува со 191 натпреварувач кои ги водат 31 тренер и пет судии. 

На турнирот ќе настапат 472 учесници со 506 влезови на натпреварувачи од различни земји од Балканот.

Земји учеснички на овој турнир се: Македонија, Србија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Словенија, Бугарија и Молдавија.