Македонските фудбалери вечерва играат за историја
Македонската фудбалска репрезентација вечерва во Скопје го пречекува Исланд во последниот натпревар од мундијалските квалификации на кој со победа првпат во својата историја ќе обезбеди место во баражот за пласман на Светското првенство 2022 во Катар.
Натпреварот на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје започнува во 18 часот, а „црвено-жолтите“ ги очекува поддршка од трибините од околу 16.000 гледачи, колку што изнесува половичната исполнетост на капацитетот согласно Ковид-протоколите.
Македонската репрезентација влегува во завршното коло во квалификациската група Ј како второпласирана со 15 бодови, еден повеќе од третопласираната Романија, која вечерва од 20:45 часот му гостува на Лихтенштајн.
Пласман на Мундијалот од групата Ј веќе обезбеди Германија, заедно со Франција од групата Д, Белгија (група Е) и Данска (група Ф).
Директен пласман на завршниот турнир во Катар обезбедуваат првопласираните репрезентации во десетте квалификациски групи, додека второпласираните, задно со уште две репрезентации преку Лигата на нации, квалификациите ќе ги продолжат преку бараж пресметки во март идната година.
Ново на Сител
-
Пожар зафати куќа во неготинско Долни Дисан
-
Врховен задутре ќе одржи јавна седница по жалбата на таткото на Вања против мерката притвор
-
Минималната синдикална кошница за април 60.212 денари, зголемена за 1.214 денари во однос на март
-
Цената на лебот засега е стабилна и нема да се менува, велат од Агро-бизнис комората при ССК
-
МВР, ЈО и АНБ комплетно подготвени за претстојните претседателски избори
-
Инаугурацијата на Путин ќе се одржи на 7 мај
-
Шојгу: Русија ќе ги интензивира нападите врз складишта со западно оружје во Украина
-
Просечната плата во февруари изнесува 39.276 денари