Македонските фудбалери со победа се враќаат од Малта
Македонската фудбалска репрезентација ја совлада вечерва Малта на гостински терен со 2-0 (2-0) во рамки на 5. коло во групата Ц и со освоените три бодови ги задржа шансите за пласман на ЕУРО2024.
Елиф Елмас ѝ донесе на македонската репрезентација рано водство веќе во 5. минута, а во финишот на првото полувреме Јован Манев (41мин) со дебитантскиот гол во репрезентативниот дрес го удвои водството. Двоен асистент беше капитенот Енис Барди.
Второто полувреме Националниот стадион во Та Кали донесе две идеални шанси за уште поубедлив триумф, но Езѓан Алиоски во 67 минута ја погоди стативата, а обидот на Бојан Миовски од 20-ина метри беше скротен од домашниот голман во 81 минута.
Во октомврискиот циклус македонските фудбалери ги очекува еден натпревар, против Украина на гостински терен пред завршните два дуели во ноември против Италија и Англија.
По пет одиграни македонската репрезентација е на четвртото место во квалификациската група Ц со седум бодови, колку што и имаат и второпласираната Италија и Украина на третото место. Англија е лидер со 13 бодови, а Малта на последното место без освоен бод.
Ново на Сител
-

САД и Македонија со договор за реципрочна, фер и балансирана трговија
-

Меџити: Чекорот на Беса ќе го следат и другите партии за ВРЕДИ да прерасне во еден политички субјект
-

Скопскиот градоначалник најавува стартување на повеќе проекти
-

Од почетокот на годината во струмичко радовишкиот регион откриени над 20 случаи на дрвокрадство
-

АДКОМ и РКЕ бараат поддршка од ЗЕЛС за обврзувачки тарифи за водните услуги
-

Преглед на вестите од светот
-

Состанок на раководството на БЕСА
-

Тема на денот со Димитар Богоески, директор на Државниот Архив
