Македонските државјани од Абу Даби ќе се евакуираат со комерцијален лет, се финализираат деталите

Амбасадата на Република Северна Македонија во Абу Даби, во координација со локалните власти во Обединетите Арапски Емирати, активно работи на финализирање на деталите околу организацијата за комерцијален лет за евакуација на македонски државјани од Абу Даби, соопшти вечерва Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Се повикуваат сите граѓани кои се заинтересирани за евакуација, а сè уште не се пријавиле, во најкраток рок да стапат во контакт со Амбасадата во Абу Даби преку следните контакти:
Телефон: +971 56 441 7532
Е-маил: abudabi@mfa.gov.mk
- Безбедноста на македонските државјани останува највисок приоритет. Пријавените лица навремено ќе бидат информирани за понатамошните чекори и условите за безбедна реализација на евакуацијата, велат од Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.
Претходно МНР НТ информираше дека од почетокот на конфликтот до денеска вкупно 473 македонски државјани стапиле во контакт со дипломатско-конзуларните претставништва на Република Северна Македонија во Тел Авив, Доха и Абу Даби. - Од нив, 19 лица се пријавени од Израел, 106 од Катар, а 348 граѓани се обратиле до дипломатско-конзуларното претставништо во Абу Даби. Во оваа бројка се вклучени и 18 лица од Кувајт, како и 12 лица од Бахреин - соопшти МНРиНТ.
МИА
Ново на Сител
-

Г. Климент: Наша должност и обврска е заветот на браќата Кирил и Методиј да го посведочиме и предадеме на младите поколенија
-

Трамп: Поморската блокада во Ормуска Теснина останува до потпишување договор
-

Над 900 сомнителни случаи на ебола регистрирани во ДР Конго
-

Изгаснат пожарот што избувна синоќа во Радовиш, изгореа магацин и машини во поранешен „Декортекс“
-

Пад на интересот за студирање во Србија, најавено и зголемена школарина од идната студентска година
-

Осум лица тешко повредени во пожар на товарен брод во Хамбург
-

Голем пожар избувна вчера во Радовиш - гореле погони и машини во поранешен „Декортекс“
-

Рубио: САД ќе постигнат договор со Иран или ќе дејствуваат „на друг начин“
