Бизнис
7. July 2015 - 20:23

Македонските бизнисмени очекуваат откажување на нарачките во Грција

Домашните стопанственици очекуваат откажување на нарачките од Грција, поради лошата кондиција на грчката економија. Но се надеваат дека Европската Унија и Атина нема да дозволат да дојде до дополнително влошување на ситуацијата , која сериозно може да се прелее  врз соседните земји и останатите членки на Унијата и дека моменталните случувања брзо ќе бидат надминати.

Претходно домашните стопанственици потенцираа дека освен што ќе има намалување на нарачките, очекуваат и одложување на плаќањето на доспеаните обврски од  страна на партнерите во Грција. Споре домашните експерти, ако лошата состојба во Атина  се задржи на долг рок и ако земјата ја врати драхмата во тој случај домашната економија ќе треба да се прилагоди на новонастанатата состојба, зошто грчките производи ќе бидат поевтини и поконкурентни.

Извзото  на македонските производи во Грција опаѓа уште од 2008 година кога грчката економија западна во криза. Ако во 2007 година, земјата беше втор наш најголем извозен партнер со 13 отсто учество, во 2014 со четири проценти учество во вкупниот извоз, не е ниту во првите пет извозни партнери.