Македонскиот превод на „Улис“ во Фондацијата „Џејмс Џојс“ во Цирих

Примерок од македонскиот превод на романот „Улис“ на ирскиот писател Џејмс Џојс, во издание на Конгресен сервисен центар од Скопје, е предаден во Фондацијата „Џејмс Џојс“ во Цирих. Преводот на познатиот роман го достави преведувачката Марија Гиревска.
Македонскиот превод на „Улис“ е 41-виот во колекцијата на преводи што ја поседува Фондацијата „Џејмс Џојс“ во Цирих, која е основана во 1985 година во чест на ирскиот писател Џејмс Џојс (1882 -1941). Дел од својот креативен живот Џојс го поминал во Цирих каде што е и погребан.
Д-р Марија Гиревска била срдечно пречекана од директорот на Фондацијата, проф. д-р Фриц Сен, и од кураторките Рут Френер и Урсула Зелер. Покрај предавањата на Универзитетот во Цирих, проф. Фриц Сен повеќе од триесет години во просториите на Фондацијата води работилници и редовни читања на романите „Улис“ и „Финегановото бдеење“, заедно со студентите, преведувачите, проучувачите и љубителите на делото на Џојс од целиот свет.
- На средбата беа разменети размислувања околу преводот и преводливоста на ова капитално книжевно дело на Џојс на македонски јазик, изјави Гиревска која на крајот од средбата го потпишала македонското издание на „Улис“.
За преводот на „Улис“ од Џејмс Џојс, Марија Гиревска во 2013 година ја доби наградата „Златно перо“.
Ново на Сител
-

Најмалку двајца загинати при уривањето на зграда во Либан
-

Бугарската полиција истражува смрт на шест лица, се сомнева на ритуални убиства
-

Лекари: Состојбата на генералот Алексеев е сериозна, но стабилна, не е во животна опасност
-

Лекари: Состојбата на генералот Алексеев е сериозна, но стабилна, не е во животна опасност
-

По одлуката на Уставниот суд за Балуку, Рама најави продолжување на битката
-

27-годишник возел „порше“ без возачка, полицијата му го одзела автомобилот
-

Мицкоски: Ќе ги зголемиме минималните плати според законското решение
-

Приведен струмичанец поради измами со лажните лекари и сообраќајки, кај него пронајдени над 15.000 евра
