Македонскиот полициски синдикат го честита Денот на полицијата 7 Мај
Сите ние припадниците на Министерството за внатрешни работи, денес кога го прославуваме овој голем празник за нас треба да бидеме свесни за нашата света обврска, да му служиме и да го штитиме сопствениот народ, сопствената држава, притоа максимално посветувајќи се да ја гарантираме нејзината стабилност и безбзбедност.
Почитувани колеги, години наназат покажавме дека сме на висина на задачата, покажавме и докажавме дека постои и волја и знаење и капацитет како да се справиме со најтешките ситуации.
Вечно ќе ги паметиме хероите кои ги загубија своите животи бранејќи ја нашата татковина, а истите треба да бидат пример за сите нас како бескомпромисно се штити Уставот и законите на Република Македонија.
Нека ни е честит 7-ми мај – Денот на полицијата
Македонски полициски синдикат
Ново на Сител
-
Додека јадела ја тепал па ја задушил, внук ја убил својата баба
-
Гаши се поправи: Мојата татковина е Северна Македонија
-
Бајден денеска во Париз ќе се сретне со Зеленски
-
Приведен Косовец за поткуп на Долно Блаце
-
Пријави за змии во дворови на болница и факултет во Скопје
-
Макрон: Франција на Украина ќе и испрати борбени авиони „Мираж“
-
Официјално почна да тече рокот за формирање на влада преку мандатарот Мицкоски
-
Руската ПВО ноќеска соборила 28 украински беспилотни летала