Живот
19. January 2017 - 11:01

Македонскиот фолкер стана татко - ја „урна" кафеаната од славење

Членовите на фолк групата „Дрим тим“ деновиве се радуваат на одличниот одѕив кај публиката за  џез верзијата од песната „Македонско девојче“, но радоста е поголема за приновата кај колегата, пејачот Дејан Николовски- Чуле, кој стана татко за прв пат. 

-На овој прекрасен снежен ден дојде на свет нашата снегулка Јана! Да си ни жива и здрава од срце ти посакуваат тато Дејан и мама Софија, напиша Дејан.

По тој повод бендот "ја урнал" кафеаната каде славеле.