Спорт плус
29. јуни 2022 - 10:34

Македонскиот борач Нуров по голем пресврт освои злато на Медитеранските игри во Алжир

Македонскиот борач Магомегаџи Нуров го освои златниот медал на Медитеранските игри во Оран, Алжир. Тој вечерва по голема борба го победи Фејзулах Актурк од Турција со 4:3.
 
Извонредниот Нуров иако губеше со 3:0, со два слични зафати направи резултатски пресврт. Најпрво намали на 3:2, а потоа, на две секунди пред крајот успеа да ја обезбеди победата и златниот медал.
 
Неколку часа претходно, бронзен медал освои и македонскиот борач Владимир Егоров.