„Македонски Телеком“ ќе ги автоматизира системите за наплата во соработка со „Стоунбренч“

Еден од водечките светски провајдери на динамички решенија за автоматизација во ИТ секторот, американскиот „Стоунбренч“ соопшти дека „Македонски телеком“ ја избрал оваа компанија за управување и автоматизација на апликациите за поддршка на фактурирање и наплата во реално време, меѓусебно поврзување, спречување измами и медијација при наплата, објави специјализираниот портал „ПРЊузвајр“.
Потпретседателот на „Стоунбренч“, Себастиојано Мион за порталот изјави дека се задоволни поради тоа што како свој партнер ќе го имаат тимот на „Македонскиот телеком“.
– Водечкиот пакет на „Стоунбренч“ за решенија за автоматизација, локалниот тим на експерти и експертизата во телекомуникациската индустрија го прават ова партнерство одлично, нагласува Мион.
Секторскиот директор во „Телеком“, Мирослав Јовановиќ во изјава за порталот вели дека оваа соработка се должи на напорите на операторот за дигитализација и иновации со цел да се обезбедат подобри услуги на клиентите.
– „Стоунбренч“ беше избран поради големото искуство на компанијата и специфичната стручност во автоматизацијата на софтвери во телекомуникацискиот сектор, нагласува Јовановиќ.
Во рамки на договореното, „Стоунбренч“ ќе отвори канцеларија во Скопје, со цел да обезбеди поблиска соработка со локалниот тим, како и лабораторија за развој и информатичко-технолошки операции (ДевОпс) за сегашните и идните оперативни потреби на „Македонскиот телеком“.
Ново на Сител
-

Мерц го повика Путин да ја прекине „бесмислената војна“ против Украина
-

Клековски: Ќе се преиспитува скрининг-програмата за рак на дојка
-

Пожар во стан во Скопје, поради вдишување чад еден пожарникар бил пренесен во болница
-

Во текот на изминатото деноноќие приведени 12 возачи, деветмина управувале возило без положен возачки испит
-

Пожар на Шар Планина, над Боговинско Езеро
-

Ѓорѓиевски: Кобилата и ждребето родено на улица во главниот град згрижени во ЗОО, МЗШВ и АХВ да постапат
-

Кениецот Нјорге победник, Ивановски трет на Виз Ер Скопски маратон 2026
-

ЈОРСМ: Оружје, експлозив и муниција пронајдени во домот на скопјанец
