Македонски шверцери „паднаа“ со 8 тони марихуана во Италија

Италијанската полиција запленила рекордни осум тони марихана, што ја шверцувала нарко банда предводена од македонски државјани.
Дрогата била запленета во заедничка акција на полициите од Анкона и Венеција, но од каде таа потекнува не се наведува.
Истата пристигала во пристаништето во Анкона, но полицијата му дозволила на камионот во кој била натоварен ,да го продолжи патот со што успеала да ги уапси и сороботниците. Возачот, македонски државјанин, бил запрен од страна на полицијата кај еден сервис во непосредна близина на Венеција.
Со соппштение се јави албанската полиција, која деманира дека дрогата тргнала од албанскот брег.
- Во овој шверц на голема количина на марихана не се вмешани албански државјани, а и дрогата не е од албанско производство и не тргнала од Драч, како што првично јавија медиумите. Организираната криминална банда, како што бевме информирани од италијанските власти, била раководена од македонски државјани, стои во соопштението.
Италијанската полиција јавно не соопшти детали во интерес на истрагата.
Ново на Сител
-

Сомнежи за труење во ООУ „Невена Георгиева – Дуња”, 20-тина деца и наставник побарале лекарска помош
-

Од утре Владата очекува поевтин дизел за 6,5 денари и бензин за 1,5 денар по литар
-

СДСМ: Народот секој ден живее полошо, а мерки од Владата нема
-

Филипче: Преговорите за ЕУ зависат само од власта
-

Николоски: Првите километри од автопатот Прилеп-Битола готови следната пролет, за еден месец меѓуградски воз помеѓу двата града
-

Еколошката „бомба“ кај Пробиштип конечно ќе се санира
-

Преглед на вестите од светот
-

Тема на денот со Воислав Димитровски, директор на „Лајка“
