Македонски шуми со првична проценка на штетата од пожарите на Серта
Македонски шуми излегоа со првичните проценки за штетите од пожарите кои неколку дена ја пустошеа планината Серта. Од страната кон Неготино опожарени се над 5500 ха, додека од штипската страна пеплосани се близу 3000 ха или вкупно околу 8 500 ха.
- Пред се се работи за шума која е со слаб квалитет, слаба дабова шума, меѓутоа она што е најважно да се каже е дека, тоа за регионот и пошироко ќе значи еколошка бомба. Тоа е она што мора да го имаме предвид ние и сите општествени чинители во Македонија, изјави Кире Михаилов, заменик генерален директор на Македонски шуми
Вработени од македонски шуми се постојано на терен, вршат скенирање, по што ќе следува чистење и на крај пошумување. Меѓутоа проблемот е многу посложен, зашто освен растителниот, во пожарите страдаше и животинскиот свет.
- Овој пожар и неговата големина и константност ја уништи буквално целата микро флора. Микро организмите се уништени таму. Флората, фауната се комплет е отидено, животинскиот свет. Тоа е еден синџир кој се скина по сите шевови. Таа е реалноста. Ние треба сега да направиме една поопсежна анализа за да даде насоки каде да се движиме во периодот кој што претстои, додаде Михаилов
Македонски шуми во моментот не рапсолагаат до доволно садници, посебно не со автохтоните растенија на планината Серта, зашто во годините наназад расадниците не работеле како што треба и не обезбедиле потребни количини во случај на пожари од вакви размери.
-
Трајан Ристовски
Сите содржини од овој новинар