Македонски шуми ќе потпише меморандум за соработка со општина од Италија
Македонски шуми и Општина Форни ди Сопра од Италија која е една од најуспешните општини во Европа во областа на обновливa енергија и намалување на СО2 денеска ќе потпишат Меморандум за соработка од областа биомаса на одржливи растенија и територијално управување.
Целта на италијанската делегација, составена од градоначалникот Лино Анциути и раководителот на техничката канцеларија Нацарено Кандоти, е да се воспостави соработка и да се промовира општината како локација за обука за параметрите на проектот на ЕУ.
Лоцирана на североисточниот дел на Италија, на планините Доломити, општината Форни ди Сопра произведува 5.340.652 киловати електрична енергија од обновливи извори (вода и сонце) со придобивки за животната средина кои изразени количински значат заштедување од 3.120 тони емисии на C02.
Планираните активности денеска, вклучуваат средби со институции и туроператори, како и отворен ден за презентација организиран на Скопски саем.
Знаењето развиено од страна на Форни ди Сопра поврзано со целиот циклус проекти на ЕУ и нивното спроведување на територијата ја претставува општината како природна локација за обука и практични активности.
Ново на Сител
-
И утре посвежо со локален пороен дожд, од петок затоплување
-
Нa „Табановце“ и „Богородица“ за излез од земјава се чека 30 минути
-
Мизрахи: Разрешени девет директори во клиничките болници
-
Деновиве ќе биде соопштено од кои учебници ќе се учи во седмо
-
МАЕИ: Се подготвува декларација за непризнавање на пописните резултати
-
Коце Трајановски назначен за в.д. директор на Јавното претпријатие за државни патишта
-
Изминатото деноноќие гореле камион, шупа, трева, депонии...
-
Молњи предизвикаа два шумски пожари на Тасос