Македонски и полски археолозии истражуваат на Градиште кај Неготино
До крајот на јули ќе траат археолошките истражувања на локалитетот Градиште кај Неготино, за кој археолозите претпоставуваат дека е градот Антигонеа, соопшти Управата за заштита на културното наследство.
Истражувањето е повеќегодишен меѓународен проект кој се реализира во соработка меѓу Археолошкиот музеј на Македонија и Унивезитетот Гдањск од Полска. Проектот почна во 2009 година и до 2011 година освен овие две институции партнер беше и Институтот за класични и ориентални студии од Валенсија, Шпанија.
Раководител на истражувањата е м-р Горан Санев, а негов партнер од Полска е проф. Николас Секунда.
- Оваа година продолжуваат ископувањата на неколку објети, веројатно резиденцијални, опкужени со улици, во средишниот и северниот дел од градот. Еден од објектите што се истражувше и измината година, има комерцијален карактер и веројатно станува збор за продавница-таверна. Во објектите се откриени изобилство од предмети од раноримскиот период, пред се фрагменти од керамички садови, светилики, теракотни фигурини, потенцирајќи дека се откриваат и многу калапи за терактоните светилки, теракотните фигурини, но и за печатената керамика од римско време. Исто така, меѓу наодите се и бројни фрагменти од импортирана, како на пример Италска и Самоска сигилата, а бројни се и примероците на фрагменти кои се нивна имитација од локално производство, соопшти УЗКН.
Гадиште Неготино е раноантичка наслеба која има хронологија засега утврдена од 5-4 век пр. н.е до 1-2 век од н. е., иако на самото градиште се среќаваат и остатоци од доцната антика. Градот интенезивно живеел низ овие векови, додека за доцноантичкиот период археолозите се уште немаат податоци, со исклучок на неколку објекти и бедемот.
Ископувањата на Градиште кај Неготино се финансики поддржани од Министерство за култура на РМ и од Унивезитетот Гдањск од Полска. Овој проект ќе биде и дел од капиталните проекти на Владата на РМ во втората половина од 2015 година и во 2016 година, а ќе се реализира во координација на Управата за заштита на културното наследство.
Ново на Сител
-
22-годишна девојка прегазена вчера во Скопје
-
Во делови од Сеул паднаа над 40 сантиметри снег, откажани повеќе од 140 летови
-
Операција „Адмирал“: Разоткриена измама со ДДВ од 2,9 милијарди евра
-
Ставот на Владата за уставните измени е јасен и остануваме на истиот, изјави Митева
-
Нова блокада на судот и обвинителството во Нови Сад
-
29-годишник со ,,голф“ прегазил полицаец кој обезбедувал место на сообраќајна незгода на патот Гостивар - Кичево
-
„Во бестрага“ е коментарот на Шилегов за новото раководство на СДСМ
-
Уапсен скопјанец, криумчарел мигранти од Кина и Пакистан