Македонски и бугарски текстилни компании ќе ги презентираат своите производи
Текстилни компании од Македонија и Бугарија денеска во Штип ќе ги презентираат своите производи.
Станува збор за 11 модни брендови на македонските фабрики „Астибо“, „Фешпн Груп“, „Амор - компани“, „Ист Комерц - Санда“, „Кули и Ларс“ и на бугарските „Бода стајл“, „Витал“, „Пирос“, „Нов свет“, „Мартекс 2“ и „Валена“.
Модната ревија е во организација на Македонскиот текстилен кластер, а се организира во соработка со Моден викенд Скопје.
На настанот ќе се промовира и новиот ТВ-спот којшто го изработи Текстилниот кластер, а кој ги покажува силните страни на текстилната индустрија.
Ревијата се одржува во рамки на пограничниот проект „Градење на интернационална конкурентност на текстилните компании во пограничниот регион МК-БГ‘‘ кој Текстилниот кластер од Македонија го спроведува во партнерство со Браншовата организација за текстил и облека од Бугарија.
Проектот е финансиран од Европската унија преку ИНТЕРЕГ ИПА програмата за погранична соработка меѓу Македонија и Бугарија.
Ново на Сител
-
Хоспитализирани четири лица со голема кашлица, нови 27 случаи
-
Продолжува кампањата за претседателски и парламентарни избори на 8 мај
-
Свечена промоција на нови полициски службеници во Идризово
-
Во понеделник ќе се знае дали ќе поскапи полисата за задолжителното авто осигурување
-
Кикбоксерот Бобан Илиоски светски првак во ВАКО ПРО
-
Киев: Русија ја нападна енергетската инфраструктура во три украински региони
-
Десетици торнада го погодија централниот дел на САД
-
Денеска е Лазарова сабота, утре Цветници - празници предвесници на Велигден