Македонски фирми на саемот „Фруит логистика“ во Берлин
Македонски компании и годинава се дел од еден од најголемите светски саеми за овошје и зеленчук и за техничка логистика за производство, пакување и дистрибуција на производи од овошје и зеленчук, јавува дописникот на МИА од Берлин.

Со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство, 12 македонски компании за производство на овошје и производи од овошје и зеленчук се меѓу 2.884 изложувачи чии штандови на Берлинскиот саем ќе ги посетат над 70 илјади посетители и претставници на компании од овој сектор.
Учеството на саемот во Берлин за македонските компании е можност да најдат нови партнери за пласман на македонските прозиводи, како и за да ги следат новините кои значително можат да ги намалат цените на производство, пакување, складирање, дистрибуција како и да ја доближат Македонија кон европските еколошки стандарди.
Саемот трае од 8 до 10 февруари и собира компании од над 100 држави коишто ги претставуваат последните иновации, производи и услуги во меѓународниот систем за трговија со овошје и зеленчук.
Ново на Сител
-

Најстудено на Попова Шапка, Битола и Крива Паланка
-

Трамп: Данска не ја елиминира руската закана по Гренланд, време е да се направи тоа
-

Внук осомничен за обид за убиство на сопствената баба
-

Кошта најави вонреден Самит на ЕУ посветен на случувањата околу Гренланд
-

Најмалку 39 луѓе загинаа во железничка несреќа во Шпанија
-

Автобусите ќе сообраќаат по неделен возен ред, исклучок кај 10 линии
-

Православните верници го слават Богојавление-Водици
-

Студено и сончево, минималната температура - 8, максималната 6
