Македонски државјанин изнајмил стан во Валона и го претворил во „база за дрога“

Албанската полиција во приморскиот град Валона, уапсила македонски државјанин, кој изнајмен стан претворил во „база за дрога“.
-Полицијата во Валона разби случај на дистрибуција на дрога, по операција спроведена од специјалисти за истраги за наркотици. Уапсен е македонскиот државјанин Б.Л. (53) кој изнајмил стан во населбата „10 јули“ каде ја чувал и подготвувал дрогата, кокаин и марихуана, во помали пакувања, стои во полициското соопштение.
За време на претресот, полицијата во станот, пронашла значителна количина кокаин и марихуана, електронска вага и неколку мобилни телефони, за кои постои сомневање дека се користеле во нелегалната активност.
Во акцијата уапсени се и албанските државјани А.И.(31) од Валона и К.А.(27) од Берат, кои исто така пред судот во Валона ќе одговараат за кривично дело „производство и продажба на наркотични дроги“.
МИА
Ново на Сител
-

Куманово: Тешко повреден малолетник во сообраќајка
-

ФЕД го назначија Пауел за привремен претседател се додека Ворш не положи заклетва
-

На досегашниот началник на белградската полиција му е одреден 30-дневен притвор
-

Хигиеничар во основно училиште во беровско село снимал ученици со мобилен телефон
-

Ѓорѓиевски: После 30 години решени имотно-правните односи, се довршува булеварот „Борис Трајковски“ кон Драчево, Зелениково, Студеничани...
-

Путин во официјална посета на Кина на 19 и 20 мај
-

Претседателот Абас во писмо до ОН бара повлекување на Израел од Газа и формирање палестинска држава
-

Кривична пријава за обид за разбојништво во Битола
