Македонски бизнисмени ја продлабочуваат соработката со унгарски компании

Дваесетчлена бизнис делегација од Македонија учествува на Унгарско-македонскиот економски форум што вчера и денеска се одржува во Будимпешта.
За време на форумот се одржаа деловни средби меѓу компаниите од двете држави и се воспостави можност за поголема идна соработка, а беа потпишани и меморандуми со Унгарско-земјоделската комора и со регионалните комори од Унгарија во насока на продлабочување на соработката и учество во заеднички проекти.
Во составот на македонската делегација се државниот секретар на Министерството за економија Анета Димовска, претставници од повеќе министерства и државни институции, од Стопанската комора на Македонија, како и фирми од регионалните комори од Скопје, Штип, Кавадарци и Битола.
Според државниот секретар во Министерството за економија, овие средби се исклучително значајни за продлабочување на соработката, а воспоставеното ниво на редовно организирање на вакви средби ќе придонесе за зголемување на трговската размена меѓу двете држави.
Директорката на Дирекцијата за меѓународна соработка и регионални комори при Стопанската комора на Македонија, Снежана Камиловска-Трповска оцени дека поради одличната соработка и поврзаност со Унгарија има интерес за соработка со унгарските компании, особено во прехранбената индустрија, земјоделството и винската индустрија.
Таа додаде дека Македонија има значаен интерес за продлабочување на стопанската соработка со Унгарија и според неа оваа соработка треба да продолжи да се интензивира бидејќи има можности во повеќе области.
- Зголемување на економската активност помеѓу деловните субјекти од двете земји, несомнено ќе биде можно и очекувано доколку како комори го поттикнеме заедничкиот настап и учество на компании од Македонија и Унгарија на меѓународни тендери, заедничко финансирање на производството и трговијата, реализација на потенцијални развојни проекти, како индивидуални, така и проекти за заеднички настап, помош на извозно-ориентираните компании за влез на трети пазари и на пазарите на ЕУ, обука на кадри за следење на новите технологии, надминување на постојниот дефицит од одредени специфични профили во конкретни дејности, соработка за изработка на заеднички проекти со цел поголемо искористување на средставата од ЕУ-фондовите на новите седумгодишни програми „Хоризонт“ и „Косме“, нагласи Камиловска-Трповска.
Вкупната трговска размена меѓу двете држави во периодот јануари - септември годинава достигна вредност од 63,39 милиони американски долари, што претставува пад од 18,79 проценти во однос на истиот период во 2014 година. Притоа, остварен е извоз во вредност од 14,8 милиони американски долари, односно пораст од 22,53 проценти, додека увозното салдо изнесува 48,5 милиони долари или намалување од 26,36 проценти. Трговскиот дефицит на македонска страна изнесува 33,7 милиони долари.
Ново на Сител
-

Тригодишно дете од Штип затруено со „бензодиазепами“
-

Почна реконструкцијата и адаптацијата на спортската сала во комплексот на УКИМ
-

Пентагон: САД во првите шест дена од војната со Иран потрошиле над 11 милијарди долари
-

Инспектор на ДЗС сведочи за „Пулс“: Имаше хидрант, ама празен и само два ПП-апарати, а помошната врата беше заклучена
-

Кили починал во сон од инфаркт, ќе биде погребан во Еквадор
-

Царинска управа: Спречен обид за криумчарење 120 килограми тутун за наргиле на ГП „Блаце“
-

Дрејпер го елиминираше Ѓоковиќ и ќе се соочи со Медведев во четвртфиналето на Мастерсот во Индијан Велс
-

Пет победи за македонските кикбоксери на Светскиот куп во Италија
