Македонската полиција апсеше на различни локации, приведени 10 лица
Македонската полиција во различни градови и на различни локации уапси 10 лица.
Во 23.30 часот на ул.„Народен фронт“ во Скопје, полициски службеници на СВР Скопје ги лишиле од слобода А.Е.(21), Д.И(36), Х.В(22), Б.Ч.(40) и И.К.(22), сите од Скопје, затоа што при извршен преглед кај нив била пронајдена прашкаста материја.
Исто така,во 22.20 часот во гостиварското село Здуње, полициски службеници на СВР Тетово - Полициска станица Гостивар го лишиле од слобода Ј.Х.(24) од истото село, затоа што при преглед кај него е пронајден кокаин, додека во 22.00 часот на Граничен премин „Табановце“ бил лишен од слобода А.Х.(26) од Скопје, бидејќи се наоѓал на „стоп листа“, поради постоење основи на сомнение дека сторил кривично дело „разбојништво“.
Од 15 до 18 часот на улиците „Маршал Тито“ и „Илинденска“ во Тетово, полициски службеници на СВР Тетово пронашле и од Ф.А(32) од тетовско Ларце одзеле 200 петарди, а од Н.А.(54) од Тетово одзеле 600 огномети.
На 30.12.2019 во 12.30 часот на Граничен премин „Меѓународен аеродром - Скопје“, од слобода бил лишен Н.Ц.С.(53) од Велика Британија, бидејќи при пасошка контрола било констатирано дека го пречекорил туристичкиот престој. Тој бил предаден на полициски службеници од Регионалниот центар за гранични работи Север за поматамошна постапка.
Ново на Сител
-
Муртезани во Париз
-
Расте електронското плаќање
-
Водовод: Секој скопјанец дневно троши по 664 литри вода
-
Интерпелацијата на Костадиновски од Уставен можно е да пропадне
-
Приведен 60-годишник во Скопје, возел со 3,08 промили алкохол во крвта и предизвикал сообраќајка
-
ЦУК: Еден крак од пожарот помеѓу селата Блаце и Чучер е изгаснат
-
ПОЦ: Санкционирани 82 непрописно паркирани возила минатата недела
-
Прпарим Авдили од кумановско Лојане до кандидат за градоначалник на Цирих