-->
-->
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година загуби од Грузија
-->
Македонската фудбалска репрезентација до 21 година го запиша третиот пораз во четвртиот натпревар во квалификациите за Европското првенство 2025.
Попладнево во дуел од Ц-групата, поуспешни од македонските фудбалери беа репрезентативците на Грузија со минимални 1:0.
Стрелец на единствениот гол на натпреварот одигран на тренинг центарот „Петар Милошевски“ во Скопје беше Саба Маматсашвили во 54. минута.
Грузијците со 10 бодови се на второто место во поредокот, Македонците се претпоследни (5. место) со само три бода.
-->
-->
-->
Ново на Сител
-
Песков: Русија ќе го разгледа предлогот за триесетдневен прекин на огнот во Украина
-
Фон дер Лајен, Макрон и Мерц: Построги санкции ако Русија одбие примирје
-
Индија и Пакистан потврдија за договорен прекин на огнот со посредство на САД
-
Одбележана 10 годишнина од настаните во Диво Насеље
-
Турчин во Скопје со капак од шахта удирал по глава свој сонародник, пробал да го убие
-
Вработена во основно училиште пријавила дека била нападната од ученик
-
Жената која беше пријавена за исчезната, пронајдена почината
-
Федерер за последниот натпревар: Му кажав работи на Ѓоковиќ кои го разнежнија