Македонската филхармонија со новогодишен гала-концерт -„Полноќни огномети“

Македонската филхармонија на 28 декември ќе одржи Новогодишен гала-концерт насловен „Полноќни огномети“, под диригентство на славниот маестро Јерухам Шаровски од Израел.
Како солисти на концертот ќе настапат македонските истакнати вокални уметници кои кариерата ја градат надвор од земјата - Милена Арсовска, сопран и Иван Наумовски, бас-баритон.
Од Македонската филхармонија информираат дека по неколку години пауза, конечно го враќаат овој музички настан, кој прерасна во традиционален и кој е привлечен и за пошироката пубика, за музичките сладокусци, но и за оние што професионално се занимаваат со оваа уметност.
- Новогодишниот гала-концерт овој пат ќе понуди поинаква програма од вообичаената. Покрај танците, полките, маршевите од семејството на австрискиот композитор Јохан Штраус, публиката ќе слушне и дела од латино-американската музичка култура на автори како Пјацола и неговото „Адиос Нонино“, Монкајо со „Хуапанго“, Маркез со „Данцон бр.2“, наведуваат од Филхармонијата.
На програмата се и дела од Бизе со Арија на Ескамијо од операта „Кармен“, Пучини со aрија на Музета од операта „Боеми“, Гуно со aрија на Јулија од операта „Ромео и Јулија“, Лара со „Гранада“ итн. Се разбира, неизбежни се валцерите „Пролетни звуци“, „Виенски бонбони“, „Виенска крв“, „На убавиот син Дунав“, или „Џокеј полка“, „Египетски марш“...
Сопранот Милена Арсовска и баритонот Иван Наумовски се едни од најистакнатите македонски вокални уметници од поновата генерација, со успешна меѓународна кариера.
Арсовска дипломирала соло-пеење на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а магистрира на Универзитетот за музика и уметности во Виена. Минатата сезона таа настапи во главната улога во операта „Славеј“ од Стравински во Националната опера во Прага, а концертните турнеи ја водат низ Германија, Италија, Шведска, Шпанија, Франција, Малта, Холандија и САД. Моментно е дел од продукцијата „Свадбата на Фигаро“ во престижната опера во Вајмар.
Наумовски дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје (2013), во класата на проф. м-р Марија Муратовска, со највисока оценка Cum laude. Студиите ги продолжува на Универзитетот во Грац, Австрија, во класата на проф. д-р Том Сол, каде што во 2016 година магистрира со највисоки почести. Моментно е студент на Универзитетот во Виена, на мастер-студии во областа на Lied и Oratorio, каде студира кај проф. Карлхајнц Ханзер и проф. Габриеле Фонтана. Во 2015 година ја доби македонската награда „Виртуози“ во категоријата млад уметник.
Двајцата имаат посетувано мастеркласи кај најреномираните оперски педагози.
Новогодишниот гала-концерт ќе се одржи на 28 декември (четврток) во 20 часот во голамата сала на Македонската филхармонија.
Ново на Сител
-

Кривична за четири лица од Кочани за злоупотреба на службена положба во јавна набавка од 1,4 милиони денари
-

Град Скопје го уредува кејот на Вардар и најавува изградба на нова градска плажа
-

Тивок марш и парастос во Македонска Каменица „Кети Милковска и 63 ангели“
-

Нападната екипа на ТППЕ во Куманово, полицијата приведе две лица
-

Кривична за поранешен директор и три лица во јавно претпријатие во Кочани за злоупотреба на службената положба
-

Приведени 15 возачи поради возење без возачка, со активна забрана за управување од нив една малолетничка
-

ОН ја повикаа Русија да ги запре нападите врз енергетската инфраструктура на Украина
-

Tрамвај излета од шините во Сараево, една жена загина, неколкумина се повредени
