Македонската филхармонија по 73 години постоење во сопствен објект
Македонската филхармонија по 73 години од постоењето доби сопствен објект и е првата Филхармонија во регионот, по Софиската, која има сопствена концертна сала.
Новиот објект е со модерен изглед изграден по сите светски стандарди. Располага со сите потребни акустични карактеристики, а концертната сала има околу илјада седишта. Објектот е граден седум години, а за него се инвестирани 37 милиони евра.
Објектот ќе биде свечено отворен утревечер во 19 часот со ексклузивен концерт на Филхармонијата со која како солист ќе настапи македонскиот виртуоз на пијано Симон Трпчески. Концертот ќе биде под диригентско водство на еден од најпрестижните и најбараните диригенти на сите времиња, маестро Владимир Ашкенази од Русија.
За раководниот кадар на Филхармонија и пијанистот Трпчески, новиот објект е еден од најубавите мигови за македонската музичка култура.
- Ова е нашиот нов дом. Не можам да опишам колкава е радоста кај музичарите. Новиот објект многу значи за понатамошните услови во кои ќе творат музичарите, рече директорката на Македонската филхармонија, Маја Чаначевиќ при денешната посета на министерката за култура Елизабета Канческа - Милевска со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.
Министерката за култура посочи дека се работи за комплексен проект за кој е консултиран и германски експерт.
- Се работи за комплексен објект. Во Комисијата кога го биравме идејното решение имавме архитект од Германија. За акустиката се водеше многу сметка, рече Канческа - Милевска.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ посочи дека се работи за капитален објект којшто е грандиозен не само однадвор туку се запазени и сите потребни стандарди за еден ваков објект.
- Тоа што го ветивме во нашата програма и пред нашите граѓани е целосно завршено и од утре е отворен за граѓаните, рече Груевски.
Нему од страна на Македонската филхармонија му беше врачена и благодарница за неговиот придонес во изградбата на овој капитален проект.
Новиот објект на Македонската филхармонија има добиено и меѓународна награда за идејно решение.
Ново на Сител
-
Зеленски на средба со европските и лидерите на НАТО во Лондон
-
Пронајдена граната од Прва светска војна во дворот на Педагошкиот факултет во Битола
-
Тешко повреден 70-годишен скопјанец откако бил удрен од автобус на ЈСП
-
Тетовчанец со возило удрил малолетник и побегнал
-
Трамп би можел да ја укине целата помош за Украина
-
Претреси во Велес и Кавадарци, пронајдена дрога
-
Мартинка на рака со верба за среќа
-
Опожарени викендица и овоштарник во Идризово