Бизнис
31. December 2020 - 19:48

Македонската економија падна во рецесија, поголем број невработени и повеќе сиромашни

Поголем број невработени, повеќе сиромашни, економија во рецесија. 2020 завршува како историски најлоша на економски план. За само десет месеци од стартот на корона кризата досега, бројот на невработени во евиденција на Агенцијата за вработување е зголемен за близу 50.000. Од Агенцијата велат директно како последица на кризата без работа останале над 16.000 луѓе. Според истражувањата, бројот на лица кои преминаа на социјална помош е зголемен за 6000. За експерите, последиците од Ковид 19 се многу силни.

Владата се обиде да ги санира последиците преку четири пакети мерки со помош за фирмите и граѓаните. Тоа е вкупно милијрда евра или 10% од БДП. Но, дел од бизнисмените велат дека тие што имаа најголеми загуби најмалку поддршка добија од државата. Конкретно, прв на удар во сите анти корона мерки беше угостиутелскиот- туристичкиот секор. Поддршката пак што ја добие овие компании е занемарлива споредено со другите земји.

За разлика од домашните, странските компании во земјава се покажаа како постабилни. Имаа осцилации во работењето, но годината ќе ја завршат во позитива.

 Постоечките странски компании беа постабилни, но годинава нема ни нови инвестиции. Според НБРМ до септември во земјава се влеале помалку од 120 милиони евра СДИ или најмалку споредено со последните десетина година. Се одлеале 90 милиони евра. Беа раскинати и договорите со 4 копании кои требаше, а не почнаа со градба во зоните. Каква ќе биде 2021, за експертите најмногу зависи од тоа кога ќе почне вакцинирањето. Тонски... Во моментов земјава е во рецесија. 2020 ќе заврши со минус од околу 5%. Најлош беше вториот квартал кога економијата падна за 13%.