Македонија
14. March 2024 - 12:23

Македонската Армија ќе се поднови со нови 8 хеликоптери

Нови осум хеликоптери до крајот на 2028-ма година треба да дополнат воздухопловниот винг на македонската Армија. 

Италијанската компанија Леонардо, со која министерството ќе склучи договор до крајот на месцот, првиот хеликоптер треба да го испорача за две години. Според министерката за одбрана Петровска, вкупниот износ за целата набавка ќе чини околу 230 милиони евра, а ќе се исплаќа етапно во следните четири години. 

До крајот на јули треба да бидат ставени во функција и пет хеликоптери, кои беа испратени на ремонт во Чешка.