Тенис
21. September 2015 - 20:12

„Македонска“ Сокобања

Пет македонски тенисери ќе играат на главниот фјучрс турнир во Сокабања, Србија. Покрај домаќинот Србија која има 11 тенисери во главниот турнир, Македонија е следна со пет. Унгарија е следна со три. Во исто време на фјучрс турнир во Египет настапува и Бесир Дургути.

Овој исклучителен резултат тројца македонски играчи го исполнија преку квалификации, а двајца според рангот. Директно на турнирот ќе настапат Томислав Јотовски и Стефан Мицов, додека денеска квалификациите успешно ги завршија Бојан Јанкуловски, Шендрит Деари и Давид Мицевски. Јанкуловски и Деари ги победија српските тенисери Милош Раденковиќ односно Огњен Трејгут, додека Мицевски беше подобар од уште еден македонски играч Теодор Дељановски.

Во првото коло Јанкуловски ќе игра истотака со квалификантот Давид Синтаи од Унгарија, Стефан Мицов за ривал го има Данаил Тарпов (Бугарија), додека Јотовски ќе игра против квалификантот Домагој Биљешко од Хрватска.
Давид Мицевски за ривал ќе го има истотака квалификантот од Србија Стефан Миличевиќ, додека најтежок ждреб има Деари, кој ќе игра против петтиот носител Жером Инцериљо од Франција.
 
Во игра на двојки денеска Деари и Биљешко постигнаа победа во 1.коло, додека Јанкуловски и Мицов загубија од вторите носители Илиќ и Јадриќ од Србија.
Оваа недела активна е и Лина Ѓорческа која ќе настапува на фјучрс во Хрватска.
 
Вистинска штета е македонските тенисери да немаат можност да настапуваат на турнири на домашен терен. Тоа би значело шанса полесно да се освојат бодови бидејќи полсено би се обезбедило и настап на турнирите. Покрај тоа турнири во Македонија (не се одржуваат неколку години) ќе биде шанса и помладите во живо да следат тениски мечеви.
Како и да е ќе ги следиме настапите на македонските тенисери во Сокобања, Египет, Хрватска.